ВИДЕО: Шкендија ангажираше поранешен репрезентативец на Камерун

Тетовскиот тим Шкендија го ангажираше искусниот камерунски напаѓач Махмаду Идризу кој речиси цела своја кариера ја мина во Бундеслигата.

Поранешниот камерунски репрезентативец Махмаду Идризу (34) потпиша едногодишен договор со Шкендија, објави тетовскиот тим на својата официјална интернет страница.

Во својата кариера овој искусен напаѓач играл за германските тимови Ајнтрахт Франкфурт, Дуизбург, Хановер, Фрајбург, Борусија Мехенгладбах, Кајзерслаутерн, а неговиот последен тим беше Макаби Хаифа.

За селекцијата на Камерун одиграл 41 натпревар и постигнал девет погодоци.

 

- Во минатото сум бил во многу славни клубови во Германија, но сега сум среќен што сум во Шкендија. Главна причина за тоа е сопственикот Лазим Дестани на кого му благодарам за овој ангажман преку кој ќе осознаам за фудбалска средина и фудбал за кој досега малку сум знаел. Зборувавме со Дестани само еден час и навистина сум изненаден што веднаш дојдов тука. И мене малку не ми се верува, но навистина сум среќен. Ќе дадам се од себе за позитивни резултати на Шкендија. Сите кои ме знаат добро знаат дека играм од срце. Така ќе биде и за Шкендија која сега е мој нов дом, вели поранешниот камерунски репрезентативец.

 

 

Оцени ја веста

16.01.2015 - 21:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега