Нашата репрезентација денеска во борба против Иран
Македонската ракометна репрезентација вечерва го игра вториот натпревар на Светското првенство во Катар.
По убедливиот старт и триумфот над Тунис од 33:25, денешен ривал на нашата репрезентација е Иран.
Во првиот натпревар од првенството Иран имаше добар старт и одлично прво полувреме кога против Босна и Херцеговина водеше со 16:12, но почетните минути од вториот дел за нив беа лоши и противникот со серија од 7:0 го презеде водството.
Најдобриот играч во македонскиот состав од првиот дуел, левото крило Дејан Манасков очекува нови два бода и приближување кон осминафиналето.
- Иран е послаб противник од Тунис. Треба да одиграме добро и да бидеме концентрирани во играта и со тоа да се освојат два нови бода. Мислам дека Босна и Херцеговина одигра лошо прво полувреме, затоа и беше таков текот на натпреварот, изјави Дејан Манасков кој беше прогласен на играч на натпреварот со Тунис со шест голови од исто толку обиди.
Почетокот на натпреварот е во 17 часот, а дуелот се игра во „Али Бин Хамад Ал Атијах Арена“ во Доха.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа