Селекторот на Иран: Без нормален тренинг, немаме никакви шанси против Македонија

Нешто слично како Ивица Обрван пред два дена и селекторот на Иран. Борут Мачек се пожали на хаотичниот распоред на тренинзи на светското првенство.

Преместувањето од сала во сала, неизвесноста до последен момент, лошите термини кои најчесто не кореспондираат со мечевите кои следат повеќе го изнервираа Мачек од самиот пораз од Босна:

-Имавме голем физички пад, Босна заслужено победи, второто полувреме бевме евидентно уморни. Македонија? Па ако ни дозволат да тренираме ќе имаме некакви шанси со Македонија, инаку скоро никакви. Тука сме три дена а одржавме еден тренинг. Видовте дека тоа се одрази на натпреварот со Босна и Херцеговина„ луто изјави селекторот на Иран. Мачек. Ова е прво учество на светско првенство за Иран, кој има 75 клубови од кои произлегуваат репрезентативците на овој мундијал.

 

 

Оцени ја веста

17.01.2015 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега