Манасков: Трпеливо и без грешки против Иран

Најдобриот македонски репрезентативец спорт IHF на мечот против Тунис, Дејан Манасков разговараше со новинарите во пресрет на мечот со Иран, кој може по втор пат да ни донесе две врзани победи на едно светско првенство.

Пред две години на мундијалот во Шпанија, во првите две средби ги совладавме Катар и Чиле. Сега сме на праг да го израмниме тој наш резултат:

-Знаеме дека сите афрички и азиски екипи се физички добро подготвени и мислам дека можат да играат на контакт само ако ние им дозволиме. Ако го сведеме бројот на технички грешки на минимум, мислам дека нема да има проблем околу победникот. Го гледавме мечот со Босна и Херцеговина и видовме дека нивниот квалитет во првото полувреме дојде до израз, но немаат толку големо искуство од овој тип на натпревари, вели Дејан Манасков.

Превземено од lazarovkiril7.com

 

 

Оцени ја веста

17.01.2015 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега