Хаос во Реал: Спречена тепачка помеѓу Роналдо и Бејл

Велшанецот и Португалецот не се во добри односи, а на неодамнешниот меч против Еспањол камерите го „уловија“ Роналдо како жестоко го пцуе Бејл.

Фудбалерите на Реал Мадрид Герет Бејл и Кристијано Роналдо замалку се степале во соблекувалната на мадридскиот тим по реванш натпреварот против Атлетико во Купот на Кралот.

Одредени медиуми јавуваат дека нивните соиграчи  морале да реагираат и да застанат меѓу нив и воедно спречиле голема тепачка. Велшанецот и Португалецот не се во добри односи, а на неодамнешниот меч против Еспањол камерите го „уловија“ Роналдо како жестоко го пцуе Бејл.

Роналдо му се налутил на Бејл бидејќи е себичен и мисли само на себе, а Велшанецот тврди дека Португалецот е примадона и дека не ги гледа сопствените грешки.

Шпанските медиуми посочуваат дека Бејл долго време молчел и ги трпел навредите од Роналдо, но по последното реми со Атлетико и елиминацијата од Купот на Кралот, не можел повеќе да седи мирен.

Бејл возвратил на дофрлувањата на Роналдо, а потоа дошло до жестока расправија која за малку не завршила со физичка пресметка. Останатите играчи биле вчудоневидени, но сепак успеале да спречат тепачка.

 

 

Оцени ја веста

17.01.2015 - 15:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега