СП Катар: Домашни судии на дуелот Македонија– Иран

Вториот натпревар од Светското првенство во ракомет на македонската репрезентација која од 17 часот се среќава со Иран ќе го судат домашните судии Мансур Абдула Ал-Суваиди и Салех Џаман Бамутреф од Катар.

Македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов повторно ќе бидат на теренот. По вчерашниот дуел меѓу Полска и Германија денеска го судат натпреварот Бразил - Шпанија.

Македонија денеска претставник на Мундијалот ќе има и меѓу делегатите. Драган Начевски ќе биде делегат на натпреварот меѓу Катар и Чиле. 

 

 

Оцени ја веста

17.01.2015 - 15:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега