Падна и Иран: Македонија оди кон осминафиналето

Втора победа на вториот настап забележаа македонските ракометари на Светското првенство во Катар, откако вечерва во Доха беа поуспешни од дебитантот Иран со 33:31 и со максимални четири бода водат на табелата во Б групата.
 
Селекторот Ивица Обрван се одлучи шанса во почетниот состав да има даде на оние ракометари кои вчера воопшто или само малку настапија на дуелот со Тунис. „Резервистите“ одиграа добро во нападот, а сигурност во играта донесе капитенот Кире Лазаров. Со неговото влегување во втората половина од првото полувреме, Македонија го презеде водството кое по 30 минути изнесуваше 19:17.
 
Оваа предност Македонија ја одржуваше до средината на второто полувреме кога со серија од 3:0 поведе со пет разлика (27:22). Иранците не се предаваа и во 49.минута повторно дојдоа на минус два (26:28), а во следната минута намалија и на еден гол разлика. Следуваа минути на Лазаров и Недановски за сигурно водство од 32:28 во 56.минута, недостижно за иранскиот национален тим.
 
Најефикасен во македонскиот состав беше Лазаров со девет погодоци, Немања Прибак имаше пет реализации, Владо Недановски даде четири голови.
 
На вториот натпревар од 2.коло во Б групата Тунис – Хрватска 25:28.
 
Од 19 часот играат Босна и Херцеговина и Австрија.
 
Табела: Македонија 4 бодови, Хрватска 4, Босна и Херцеговина 2 (натпревар помалку), Австрија 0 (натпревар помалку), Иран 0, Тунис 0.
 

 

Оцени ја веста

17.01.2015 - 18:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега