Проблеми за БиХ пред мечот со Македонија

Босна и Херцеговина синоќа беше поразена од Австрија со 23:21, но тоа не е единствениот проблем за селекторот Драган Марковиќ.

Имено, пред крајот на мечот со Австрија, Владимир Врањеш заработи црвен картон, додека Коста Савиќ поради повреда беше изнесен од паркетот.

Босанските медиуми објавија дека, според неофицијални информации, Врањеш ќе има право на настап против Македонија, додека по дополнителни медицински прегледи ќе се утврди дали Савиќ ќе може да игра на овој натпревар.

Дуелот помеѓу Македонија и БиХ се игра утре со почеток во 17:00 часот.

 

 

Оцени ја веста

18.01.2015 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега