Македонија против БиХ на СП во Катар

Ракометната репрезентација на Македонија денеска го игра третиот натпревар на Мундијалот во Катар. Во 17 часот во „Али Бин Хамад Ал Атијах Арена“ ракометарите ќе се обидат да дојдат до победа против Босна и Херцеговина, со што ќе обезбедат пласман во осминафиналето.

„Црвено-жолтите“ на овој меч влегуваат од првото место во групата со две победи од претходните две кола, додека дебитантот на Светските првенства стартуваше со победа над Иран, а во 2.коло загуби од Австрија.

Денеска покрај овој натпревар се играат и другите од 3.коло во групите Б и А.

Распоред на двојките.

Б група:
Македонија - БиХ (17 часот),
Хрватска - Иран (17 часот),
Австрија - Тунис (19 часот).

Табела: Македонија 4 бодови, Хрватска 4, Австрија 2, БиХ 2, Иран 0, Тунис 0.

А група:
Белорусија - Бразил (15 часот),
Шпанија - Чиле (15 часот),
Словенија - Катар (17 часот).

Табела: Словенија 4, Шпанија 4, Катар 4, Бразил 0, Белорусиија 0, Чиле 0.

 

 

Оцени ја веста

19.01.2015 - 10:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега