Кире Лазаров се огласи пред натпреварот со Босна

Македонскиот најдобар ракометар повикува на максимална сериозност и ангажираност на денешниот меч против Босна и Херцеговина.

Тој вели дека максимално го респектира противникот, добро го познава и свесен е дека ќе биде тежок меч.

-Добро ја познавам репрезентацијата на БиХ, бидејќи ги следам нивните резултати. Мислам дека со тренерот Марковиќ прават добра работа и победуваат големи репрезентации. Во нашиот спорт не се победува на среќа. Доаѓањето на Мундијалот покажува дека тие се силни и дека мораме да играме внимателно. Ние забележавме две победи, но против БиХ ќе имаме многу тешка задача, вели македонскиот капитен.

Мечот помеѓу Македонија и БиХ се игра во „Али Бин Хамад Арена“ во Доха со почеток во 17:00 часот по македонско време.

 

 

Оцени ја веста

19.01.2015 - 10:54
Фото: 
новамакедонија

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега