Ивановиќ и Робредо елиминирани во првото коло на АО

На терените во Мелбурн почна првиот годинашен Грен слем, а веќе на стартот се случија две изненадувања, по едно во женска и во машка конкуренција.

За српската тенисерка Ана Ивановиќ и Шпанецот Томи Робредо Австралија Опен 2015 заврши уште во првото коло.

Ивановиќ загуби од 142.тенисерка на ВТА – листата, Лусија Храдецка, додека Томи Робредо поради повреда уште во првиот сет го предаде мечот против Едуард Роџер-Васелин (Франција).

Кај дамите, елиминација доживеа и германската тенисерка Анжелик Кербер, која со 2:1 во сетови загуби од Романката Бегу, додека Ежени Бушар (Канада) беше поуспешна од Ана-Лејн Фридсам (Германија) со 2:0.

Во машка конкуренција, Рафаел Надал (Шпанија) го победи Русинот Михаил Јужњи, а максимална победа во три сета оствари уште еден фаворит, Енди Мареј (В.Британија) против Јуки Бамбри (Индија).

 

 

Оцени ја веста

19.01.2015 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега