Лазаров втор голгетер, Миркуловски втор асистент на СП во Катар

По комплетирањето на второто коло, односно по 120 минути за секоја од 24 репрезентации на светското првенство, само еден ракометар има повеќе голови од македонскиот капитен Кирил Лазаров.

Благодарение на 15 гола против Белорусија, Драган Гајиќ од Словенија е водечки со 24 гола. Тоа е за 5 гола повеќе од Лазаров и Чупиќ кои го делат второто место.

Листа на стрелци:

1. Драган Гајиќ (Словенија) 24

2. Кирил Лазаров (Македонија) 19

3. Иван Чупиќ (Хрватска) 19

4. Жарко Марковиќ (Катар) 17

5. Алахкарам Естеки (Иран) 16

6. Уве Генсхајмер (Германија) 16

На листата на асистенти водечки е Палмарсон од Исланд со 12 додавања, една асистенција повеќе од нашиот Миркуловски. Никола Марковски има 6, а Кирил Лазаров и Стојанче Стоилов по 5 точни и одлучувачки додавања. Со по 24 поени Лазаров и Гајиќ се на делба на првото место по бројот на голови и асистенции.

 

 

Оцени ја веста

19.01.2015 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега