Браво момци: Хет - трик и нова победа како честитка за Водици

Македонските ракометари ја извојуваа третата победа по ред на Светското првенство во ракомет кое се одржува во Катар. Поешко од очекувањата, македосктие ракометари ја совладаа селекцијата на Босна и Херцеговина со резултат 25:22. 
Иакоотворивме добро, Босанците брзо се вратија и мечот беше неизвесен до самиот крај. Најдобар поединец беше Манасков кој беше прогласен и за најдобар играч на мечот. 
Кире Лазаров имаше лош ден. Постигна 3 гола, сите од линијата за 7 метри.

Со оваа победа Македонија и практично е во осминафиналето

Следниот натпревар на Македонија е во среда со почеток во 17:00 часот против Хрватска.

 

 

Оцени ја веста

19.01.2015 - 18:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега