Лазаров: Победата донесе мир - одиме на изненадување против Хрватска

Победата над Босна и Херцеговина со која репрезентацијата на Македонија го осигура својот пласман во осминафиналето на СП во Катар, ќе донесе сигурност во редовите на црвено-жолтите, смета капитенот Кирил Лазаров.
 
- Многу важна победа. Со оваа победа добивме мир, со кој сега може морно да се подготвуваме за последните два натпревари од групната фаза. Мислам дека го осигуравме второто место’, изјави по натпреварот со БиХ капитенот Лазаров.
 
Лазаров, кој на дуелот со БиХ постигна три гола сите со удар од 7-метри, смета нашата селекција има простор за одредени корекции, со кои ќе биде подигнато нивото на игра во текот на сите 60 минути.
 
- Можеби не одигравме како против Тунис, но БиХ покажа дека е квалитетна селекција. Среќа што тие не знаеја до крај да ги казнат нашите грешки, па така сега ние може да се насочиме на она што ни претстои. Ќе се обидеме да изненадиме со Хрватска, заклучува Лазаров
 

 

Оцени ја веста

19.01.2015 - 20:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега