Кој ќе и биде противник на Македонија во осминафиналето во Катар

По три одиграни кола на Мундијалот во Катар, полека излегува на површина разврската од групната фаза и можните противници во осминафиналето.

kire-11-624x396 thumb medium500 317

По победите над Тунис, Иран и БиХ, Македонија го дели првото место со Хрватска во групата. Ова значи дека нашите ракометари дефинитивно обезбедија палсман меѓу 16-те најдобри, каде ќе вкрстиме со противник од групата А, каде најголеми шанси за прогрес по воведните три кола имаат Шпанија, Катар, Словенија и Бразил, откако денеска јужноамериканците ја совладаа Белорусија.

Иако се чини дека е рано за калкулации, сепак првичните навестувања се дека Македонија за противник во осминафиналето најголеми шанси има да ги добие Словенија или Бразил, доколку ние завршиме на второто место во групата  (евентуален пораз од Хрватска и најмалку нерешено против Австрија).

Словенија по поразот од Катар се наоѓа на третото место и балканската селекција тешко дека ќе може да биде погоре на табелата по комплетирањето на групната фаза. Клучен за Словенците ќе биде дуелот со Бразил во среда, со евентуална победа Словенија ќе го загарантира третото  место во групата, но со евентуалчен пораз најверојатно ќе заврши на четвртото место, бидејќи во последното коло тие играат со Шпанија, додека Бразил игра против аутсајдерот Чиле.

Доколку Македонија успее да биде прва во групата и ја изненади Хрватска, тогаш ќе вкрстиме против четвртиот во групата А, односно повторно или Словенија или Бразил.

Денешениот нерешен резултат меѓу Тунис и Австрија и одговара на Македонија затоа што, речиси, го загарантира третото место во групата. Единственото сценарио кое би нѐ загрозило претпоставува БиХ до крајот на натпреварите ги победи и Хрватска и Тунис, што е многу тешко за верување. Уште повеќе, со ваквиот епилог, Македонија може да си дозволи дури и пораз од Хрватска и реми со Австрија до крајот и пак да биде на посакуваното второ место и за противник да ги добие или Бразил или Словенија. Со непосакуван епилог од два порази до крајот, и од Хрватска и од Австрија, Македонија ќе треба да се судри најверојатно со Катар или пак со Шпанија, доколку домаќинот успее да ја изненади “црвената фурија“. 

 

 

Оцени ја веста

19.01.2015 - 22:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега