Обрван: Лазаров мора да се чека кога не му оди

Селекторот на Македонија Ивица Обрван на прес конференцијата даде целосна анализа на мечот со БиХ, но и досегашниот учинок на Мундијалот во Катар.

 

Македонскиот селектор вели дека, иако Босанците на почетокот на вториот дел го стигнаа нашето водство, а во еден момент го свртеа резултатот во нивна корист, сепак Македонија беше таа која ја контролираше играта.

 

Во текот на целиот меч, како што рече Обрван, знаевме што сакаме и на кој начин да се одигра овој натпревар.

Тој потенцираше дека со Кире Лазаров треба да се има трпение, посебно го пофали Прибак, го спомна и Вугринец, а секако и Борко Ристовски кој мечот го заврши со 10 одбрани.

-Кога сте на чело на репрезентација, кога имате во своите редови еден таков играч, кој игра за најдобриот клуб во светот, кој толку радост и донесе на својата земја, тогаш морате да го чекате да проработи, иако ви сугерираат да го смените. Можеби таквата измена би предизвикала уште полоша ситуација. Кире сето тоа коректно го прифати и го сфати. Ја разбирам и неговата желба да помогне и кога не му оди. Не бега од одговорност. Не се сомневам дека веќе во следниот натпревар Кире повторно ќе биде на своето ниво, вели македонскиот селектор кој притоа додаде:

-Колективната игра мораме да ја поправиме. Мило ми е што Вугринец одигра коректно, Прибак беше одличен, токму него би сакал посебно да го пофалам. Со некои свои пробивања и дрски шутеви и голови можеби го прекрши мечот. Ристовски фати неколку шутеви кога се кршеше резултатот, одбраната во целина беше одлична. Верувам дека на 22.декември, кога прв пат се собравме за СП во Катар никој не веруваше дека по три кола ќе имаме три победи и поради тоа мораме да бидеме пресреќни. Само ние знаеме во каква состојба бевме кога почнавме со тренинзите. Сакам на играчите уште еднаш од се срце да им честитам на успехот, за кој можам да кажам дека е голем, иако првата фаза е уште во тек. Ние одиме полека, чекор по чекор, натпревар по натпревар, вели Ивица Обрван.

 

Македонија денеска е слободна, а утре се среќава со Хрватска во 17:00 часот во дербито на групата Б и битката за првото место.

 

 

Оцени ја веста

20.01.2015 - 09:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега