Четири репрезентации со по три победи на Светското првенство во ракомет

Четири репрезентации на Светското првенство во ракомет, по три одиграни кола имаат максимален учинок по три победи, а меѓу нив е и Македонија што значи обезбеден пласман во осминафиналето.

Во групата А, Шпанија и Катар се радуваа на третиот триумф, а во Б групата Македонија и Хрватска. Следното коло овие селекции ќе играат меѓу себе.

Резултати Б група:
Македнија - БиХ 25:22,
Хрватска - Иран 41:22,
Австрија - Тунис 25:25.

Табела: Хрватска 6 бодови, Македонија 6, Австрија 3, БиХ 2, Тунис 1, Иран 0.

Резултати А група:
Белорусија - Бразил 29:34,
Словенија - Катар 29:31,
Чиле - Шпанија 16:37.

Табела: Шпанија 6 бодови, Катар 6, Словенија 4, Бразил 2, Белорусија 0, Чиле 0.

Денеска во овие две групи е слободен ден, а се играат натпреварите од 3.коло од групите Ц и Д. 

 

 

Оцени ја веста

20.01.2015 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега