Босанските медиуми: Лазаров сопрен, но не и Македонија (ФОТО)

Македонија ја совлада БиХ со 25:22 и по три одиграни кола има максимални три победи кои уште сега ни донесоа пласман во осминафиналето на Мундијалот во Катар.

 

Македонија заврши работа, додека БиХ во следните два меча сама ќе одлучува за својата судбина, односно за пласманот во следната фаза.

Јавноста во БиХ се надеваше дека токму против Македонија нивната репрезентација ќе ја забележи втората победа на Мундијалот која би ги доближила до следната фаза, сепак на крајот доживеаја разочарување.

Во таборот на БиХ, почнувајќи од селекторот, па се до играчите, велат дека натпреварот против Македонија го загубиле пред се поради сопствените грешки направени во нападот. Но, тамошните медиуми ја фалат играта на Македонија.

Дел, од нив напишаа дека иако го сопреле Кире Лазаров, сепак останатите ракометари го надополниле неговото „отсуство“. Еве дел од насловните страници на босанските медиуми.

bih-mediumi3-500

bih-mediumi4-500

bih-mediumi5-500

bih-mediumi2-500

 

 

Оцени ја веста

20.01.2015 - 09:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега