Евробаскет 2015: Познати термините, Македонија против Грција во 18 часот

Сениорската репрезентација на Македонија летово во Загреб ќе го стартува својот четврти настап на европските првенства по ред и вкупно петти во историјата.

Откако на извлекувањето во Париз во декември беа одредени групите, синоќа организаторот на Евробаскетот 2015 ги прецизираше и точните термини за одигрувањето на натпреварите.

Како што и од порано беше познато, Македонија ќе го стартува Евробаскетот со натпревар против Грција на 5 септември 2015, а таа средба во Загреб ќе почне од 18:00 часот.

Следува мечот против Холандија наредниот ден од 15:00 часот, а по слободниот ден на 7 септември, продолжуваме со натпреварите против Хрватска на во 21:00 часот, Грузија од 18:00 часот и Словенија од 15:00 часот во последните три дена од групната фаза.

Според системот на натпреварување, најдобропласираните четири репрезентации од групата ќе ги продолжат натпреварите во Финалната фаза, каде од оваа година со промена на форматот, веднаш се играат елиминациски натпревари. Таа финална фаза се игра во Лил во Франција, а нашата Ц Група во осминафиналето ќе вкрсти со Групата Д во која се наоѓаат Естонија, Летонија, Литванија, Украина, Белгија и Чешка. Елиминациската фаза почнува на 12 септември и ќе трае до 20 септември за кога се предвидени последните две средби, односно мечот за третото место на Првенството и финалето.

Распоред на натпревари во Групата Ц (Загреб, Хрватска):

(05.09.2015, 18:00) Македонија - Грција
(06.09.2015, 15:00) Македонија - Холандија
(08.09.2015, 21:00) Македонија - Хрватска
(09.09.2015, 18:00) Македонија - Грузија
(10.09.2015, 15:00) Македонија - Словенија

 

 

Оцени ја веста

20.01.2015 - 10:25
Фото: 
воштип

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега