На екс светскиот првак му се распаѓаат мускулите

Црномурестиот боксер забележал дека нешто не е во ред во неговото тело, а по натпреварот е примен во болница.

 

Дента кога боксерот Берман Стиверн требало да ја брани титулата во тешка категорија забележал дека нешто не е во ред со неговото тело.

 

Не можел да се загрее како што треба и за време на натпреварот делувал дека ќе се сруши во секој момент. Се откажал од борбата и со соблекувалната очајно барал вода. Два дена подоцна е примен во болница поради дехидрација. По испитувањата дијагностицирано му е пореметување во мускулите, односно изумирање на мускулните влакна, кои подоцна се наоѓаат во крвотокот.

Една од причините за оваа болест може да биде екстремниот физички напор. По краткиот меч во Лас Вегас, Стиверн забележал дека урината му е кафена боја.

-Допинг контролорите ме повикаа да направам тест за време на кој помислив дека имам крв во урината. Им го кажав тоа на менаџерот и на тренерот, а потоа во болница ми беше кажано дека не се работи за крв, туку за последица од оштетните мускули, изјавил боксерот.

 

Стиверн признал дека многу тренирал, но не водел сметка за внесот на течности во организмот. Очекува дека со соодветен третман ќе ја победи оваа болест.

 

 

Оцени ја веста

22.01.2015 - 16:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега