ВИДЕО: Фудбалер за време на натпревар зборува на мобилен

Украинскиот фудбалер Володомир Козленко е суспендиран затоа што за време на натпревар зборувал на мобилен телефон, соопшти неговиот клуб Енергија Нова Кахова.

 

Козленко е снимен како разговара на мобилен додека неговиот третолигашки клуб играше пријателски меч против прволигашот Олимпик од Доњецк на еден турнир во близина на Киев.

 

Козленко го чувал телефонот во шорцевите и повремено зборуваше на него, а неговиот клуб однесувањето на фудбалерот го оцени како антифудбалско и кловновско.

Фудбалерот е суспендиран до крајот на овој турнир, а суспендирани се помошните судии и делегатот кои не реагирале на ваквото негово однесување.

 

 

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега