Квадрадо преминува во Челзи за 30 милиони евра

Колумбискиот репрезентативец и член на Фиорентина Хуан Квадрадо наскоро ќе потпише договор со Челзи вреден 30 милиони евра, објави денеска „Газета дело Спорт“.
 
Како што е наведено во италијанскиот весник, менаџерот на лондонскиот клуб Жозе Мурињо ја зголеми понудата за три милиони евра во споредба со претходната, што беше доволно калчолигашот Фиорентина да ја прифати, иако откупната  клаузула беше за пет милиони повисока.
 
Мурињо ќе игра на местото на Мохамед Салах кој Челзи шест месеци ќе го позајми на Рома.
 
Квадрадо сезонава во Серија А одигра 21 натпревари и постигна пет голови. Во текот на својата кариера играше за Индепедиенте, Удинезе и Лече.
 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега