Цедевита и МЗТ Скопје на отворањето на 19.коло во АБА лигата

Со натпреварот кој ќе се игра попладнево во Загреб, а во кој македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром ќе и гостува на евролигашката екипа Цедевита, ќе биде отворено 19.коло во регионалната кошаркарска АБА лига.
 
Почетокот на натпреварот Цедевита – МЗТ Скопје е од 17 часот, а тоа е еден од трите натпревари кои ќе се играат денеска. Во преостанатите два ќе се сретнат: Металац - Унион Олимпија (19 часот) и Партизан – Игокеа (21).
 
По два натпревари од оваа рунда ќе се играат во недела и понеделник, а двојките се: Крка - Левски Софија, 
Солнок – Цибона (сабота), Будуќност - Црвена звезда и Задар - Мега Лекс (понеделник).
 
Табела: Црвена звезда 18-0 (победи-порази), Будуќност 15-3, Цедевита 12-6, Партизан 11-7, Унион Олимпија 9-9, Задар 9-9, Цибона 9-9, Крка 8-10, Солнок 8-10, Металац 8-10, Мега Лекс 7-11, МЗТ Скопје Аеродром 6-12, Игокеа 5-13 и Левски Софија 1-17.
 

 

Оцени ја веста

24.01.2015 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега