Ѓоковиќ во три сета подобар од Вердаско за пласман во осминафиналето на АО

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во 1/8 финалето на Австралија опен. Во дуел од 3. коло, Ѓоковиќ (1) со 3:0 го победи Фернандо Вердаско (13) од Шпанија.

Иако првиот сет најавуваше интересен и неизвесен меч, а истиот го доби Ѓоковиќ во тај-брејкот со 7:6, сепак во наредните два српскиот тенисер доминираше, препуштајќи му на Шпанецот седум гема (6:3 и 6:4).

За денот да не мине без изненадување се погрижи Жилс Милер од Луксембург кој го елиминира Американецот Џон Иснер САД(19) во три сета со 7:6, 7:6 и 6:4.

Пласман во осминафиналето од фаворитите обезбедија минатогодишниот победник на АО (4-носител) Станислас Вавринка, Јапонецот Кеи Нишикори (5), Канаѓанецот Раониќ (8) и 12-носител Фелисијано Лопез од Шпанија.

 

 

Оцени ја веста

24.01.2015 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега