Челзи, Манчестер Сити и Тотенхем елиминирани од ФА купот

Екипите на Братфорд и Мидлсборо направија изненадувања со елиминациите на фаворитите Челзи, Манчестер Сити и Тотенхем во 4.коло на ФА купот.

Сензацијата да биде поголема Братфорд и Мидлсборо славеа победа на теренот на противничките екипи кои се на првите две места во Премиер лигата и се главни кандидати за шампионскиот трофеј во Англија.

Во Лондон, иако Челзи водеше со 2:0 уште во 38-минута, сепак тимот на Братфорд на неверојатен начин оствари победа со 4:2 и се пласира во осминафиналето.

Мидлсборо на гостувањето кај шампионот Манчестер Сити славеше победа со 2:0 со головите на Бамфорд (53-минута) и Кике (90+3).

Од фаворитите елиминација доживеа и Тотенхем кој загуби пред своите гледачи од Лестер со 1:2.

Во следната рунда (осминафинале) се пласираа: Блекбурн, Вест Бромвич Албион, Рединг, Дерби Каунти и Саутемптон.

Повторени натпревари ќе играат Ливерпул кој синоќа на „Олд Трафорд„ одигра 1:1 со Болтон, како и Манчестер Јунајтед кој ден порано против ниско лигашот Камбриџ Јунајтед одигра без голови 0:0.

Денеска се играат три натпревари: Бристол Сити - Вест Хем Јунајтед, Астон Вила - Бурнемут и Брајтон и Хов Албион – Арсенал. Последниот меч од оваа рунда е во понеделник, а во него ќе играат Рочдејл – Стоук.

 

 

Оцени ја веста

25.01.2015 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега