Надал против Бердих во осминафиналето на АО

Шпанецот Рафаел Надал и Чехот Томаш Бердих ќе играат меѓусебно во осминафиналето на првиот Гренд слем годинава, отвореното тениско првенство на Австралија (АО).

Во дуелите од 4.коло на АО, третиот фаворит на турнирот Надал во три сета го победи Кевин Андерсон од Јужна Африка. Иако во првиот сет Надал мораше да спасува дури шест сет топки за противникот, сепак истиот го реши во своја полза со 7:5. Во следните два Шпанецот доминираше и ги доби со 6:1 и 6:4.

Неговиот противник во осминафиналето Чехот Томаш Бердих, исто така одигра три сета во дуелот со домашниот тенисер Бернард Томиќ кој го победи со 6:2, 7:6 и 6:2 во сетови.

На терените во Мелбурн, во тек се два интересни меча. Енди Мареј кој е 6-ти носител на АО го доби првиот сет против бугарскиот тенисер Григор Димитров со 6:4, додека во дуелот меѓу домашниот тенисер Ник Киргиос и Андра Сепи од Италија се игра решавачкиот пети сет.

 

 

Оцени ја веста

25.01.2015 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега