Доминација на домашните екипи, Пирс во историјата на НБА лигата

Во НБА лигата синоќа беа одиграни пет натпревари, на кои победи остварија домашните тимови, додека Пол Пирс влезе во историјата на лигата.

Шарлот ја забележа деветата победа на последните 11 натпревари откако синоќа славеше на домашен терен против Њујорк во еден неефикасен натпревар со 76-71.

Милвоки беше подобар од Детроит со 101-86 Мемфис ја победи Филаделфија со 101-83, а Јута славеше против Бруклин со 108-73.

Доминацијата на домашните екипи ја комплетира Портланд кој го совлада Вашингтон со 103-96.

На овој натпревар ветеранот Пол Пирс постигна 19 поени, од кои три „тројки„ со кои стигна до бројката од 2.000 реализирани „тројки„ во својата кариера и влезе во историјата на НБА како четврти играч кому му успеало да ја достигне оваа бројка, по: Реџи Милер, Реј Ален и Џејсон Тери

Вечерва на програмата се два интересни дуели. Во Чикагокај„Булси’’ гостува вицешампионот Мајами, додека во Кливленд гостува Оклахома Сити. 

 

 

Оцени ја веста

25.01.2015 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега