ВИЕДО: Доне распали по Обрван - не се виновни ракометарите туку селекторот

Македонската ракометна репрезентација со пораз од Словенија во осминафиналето го заврши настапот на 24 Светски шампионат во Катар. Дали црвено жолтите постигнаа успех на првенството?

zoki-5-

 

Одговор на ова прашање во вестите на Канал 5 се обиде да даде тренерот Андон Бошковски,  кој долги години беше дел од стручниот штаб на нашата најдобра селекција.

-Нормално дека за нас како Македонија секое учество на големо натпреварување е успех, во било кој спорт. Но конкретно во овој случај според мене се работи за неуспех, бидејќи нашите размислувања во последните две години беа да се оди чекор погоре. И на некој начин да може да стигнеме до настап на Олимписки игри. Тоа самите го кажавме пред стартот на првенството во Катар. Имавме лесна група, немавме репрезентации од типот на Србија, Унгарија, селекции кои се подобри од нас и не беа на ова Светско. Поради тоа  мислам дека  шансата е пропуштена. Според мое лично размислување најголема вина за неуспехот има нашиот селектор. Поради тоа што во овие две години како ниту еден друг македонски тренер, а најголемите успеси ги постигнавме со селектор Македонец,имаше големо право и слобода што е нормално за еден тренер. Направени се многу работи во смисла на подобрување  на организацијата на самата репрезентација, дури беа донесени и двајца натурализирани играчи во селекцијата, истакна Бошковски.

Во видеото погледнете го целиот разговор.

 

 

 

Оцени ја веста

26.01.2015 - 22:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега