Де Геа го одби Реал, останува во Јунајтед до 2020 година

Голманот на Манчестер Јунајтед Давид де Геа наскоро ќе го продолжи договорот со премиерлигашот до 2020 година, објави денеска „Дејли Експрес“.

Шпанскиот чувар на мрежата според новиот договор ќе заработува 140 илјади фунти неделно, што е двојно повеќе во однос на претходната плата.

Де Геа одби да се пресели во Реал Мадрид, бидејќи е многу задоволен во англискиот клуб.

Тој на „Олд Трафорд“ дојде од Атлетико Мадрид 2011 година. Досега за Манчестер настапил на 154 натпревари.

Има и три репрезентативни настапи за Шпанија.

 

 

Оцени ја веста

28.01.2015 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега