Роналдо суспендиран два натпревари, се враќа за дербито со Атлетико

Најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо доби суспензија од два натпревари во шпанската Примера поради црвениот картон против Кордоба, одлучи денес Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Шпанија.

Португалецот нема да биде во составот на Реал Мадрид на средбите со Сосиедад и Севиља, но ќе биде во тимот за дербито против градскиот ривал Атлетико закажан за 7 февруари на Висенте Калдерон.

При изрекување на казната, Дисциплинската комисија во предвид го земала тоа што Роналдо изрази каење и јавно се извини за инцидентот кога без топка го удри играчот на Кордоба Едимар.

Роналдо е најдобар стрелец сезонава во Примера 28 гола на 18 натпревари.

 

 

Оцени ја веста

28.01.2015 - 15:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега