Хрватите удрија по селекторот: Вратете го Червар, Голужа е глупак

Хрватските фанови не го поднесоа баш најдобро поразот од Полска со 24:22 во четвртфиналето од Мундијалот во Катар.

 

Прв на удар на хрватската јавност секако е селекторот Славко Голужа, за кого може да се прочитаат секакви коментари, од тоа дека е “сељак“ и “глупак“, до барања за неотповиклива оставка.

 

-Голужа нека ги собере со автобус од пред куќа и директно нека одат кон државата домаќин, бидејќи и онака тој не е способен да подготви ниту една акција, коментираат хрватските љубители на ракометот.

-Голужа и неговите соработници ја уништија репрезентацијата. И не треба да ги браниме, туку да ги критикуваме, стои во друг коментар.

Оние кои што бараат негово разрешување, велат дека Лино Червар со овој ростер би правел чуда.

 

„Голужа глупаку, оди си, Лино Червар со вакви ракометари чуда би правел“, беа само дел од коментарите кои можеа да се прочитаат низ хрватските медиуми…

 

 

Оцени ја веста

28.01.2015 - 20:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега