Хјуит најави крај на 20-годишната кариера

Австралискиот тенисер Лејтон Хјуит најави завршување на кариерата на крајот на сезоната и посветување на тренерска работа во Девис куп репрезентацијата на неговата земја.

Хјуит, кој следниот месец полни 34 години, беше елиминиран во второто коло на годинашниот Австралија Опен од страна на Германецот Бенџамин Бекер.

Двојниот Гренд-слем шампион и поранешен прв светски тенисер изјави дека оваа година ќе игра повремено, и дека ќе се фокусира на „Вимблдон“ и на Дејвис купот, и најверојатно ќе го пропушти „Ролан Гарос“.

За Хјуит од посебно значење е учеството во Дејвис купот поради тоа што со ова натпреварување ќе ја заврши 20-годишната кариера.

Австралија која последен пат го освои Дејвис купот во 2003 година, во 1.коло од Светската група во март игра против Чешка. 

 

 

Оцени ја веста

29.01.2015 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега