МЗТ Скопје Аеродром домаќин на завршниот турнир од кошаркарскиот Куп на Македонија

За 730 илјади денари екипата на МЗТ Скопје Аеродром ја доби организацијата на завршниот турнир од кошаркарскиот Куп на Македонија.

Аеродромци кои се бранители на титулата на денешното лицитирање во просториите на Македонската кошаркарска федерација понудија повеќе од вториот заинтересиран за домаќин на купот, а тоа беше екипата на Куманово. Почетната сума за лицитацијата беше 400 илјади денари.

Ова значи дека во Аеродром по пауза од 15 години повторно ќе се одлучува кој ќе го освои вредниот трофеј.

Завршниот турнир ќе се игра во Спортскиот центар „Јане Сандански“ на 21 и на 22 февруари, а покрај МЗТ Скопје Аеродром учесници се и Работнички, Куманово и Кожув.

 

 

Оцени ја веста

29.01.2015 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега