Червар останува во Металург - некои играчи ќе заминат

Претседателот на македонскиот ракометен шампион Металург, Левче Китевски на денешната прес-конференција изјави дека Лино Червар останува тренер на тимот, а најдоцна до утре ќе биде познато кои ракометари ќе заминат од тимот.

-Во текот на денешниот ден или најдоцна утре ќе има комплетна информација за тоа кој ќе биде нашиот состав, односно кои играчи ќе останата а кои ќе заминат од клубот. Тренерот Лино Червар од утре исто така ќе биде на располагање на медиумите кога ќе стартуваат активностите во оваа година, со оглед на тоа што доцна синоќа допатува во Скопје, изјави Китевски на денешната прес конференција.

 

 

Оцени ја веста

30.01.2015 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега