Антиќ и Атланта израмнија НБА рекорд

Екипата на Атланта ноќеска го совлада Портланд со 105:99 за 18-та победа во низа.

„Јастребите“ остана непоразени цел јануари, а со оваа победа го израмнија рекордот од 18 врзани победи на Њујорк од сезоната 1969/70, на Бостон (1981-1982) и на Чикаго (1995-1996), екипи кои имаа иста таква серија.

Македонскиот центар Перо Антиќ против Портланд одигра нешто повеќе од 12 минути, период за кој успеа да постигне 7 поени, додавајќи и три скокови.

Пол Милсап со 21 поен и 8 скокови беше најдобар во победничкиот тим, додека на Портланд не му помогна ниту фантастичниот Ламаркус Олдриџ кој имаше дабл-дабл од 37 поени и 11 скокови.

НБА резултати

Филаделфија - Минесота 103:94

Атланта - Портланд 105:99

Бостон - Хјустон87:93

Бруклин - Торонто 122:127 (по продолжение)

Кливленд - Сакраменто 101:90

Њу Орлеанс - ЛА Клиперс 108:103

Мајами - Далас 72:93

Јута - Голден Стејт 110:100

Феникс - Чикаго 99:93 

 

 

Оцени ја веста

31.01.2015 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега