МЗТ Скопје поразен од Партизан

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром забележа пораз од Партизан со 63:55 во дуел од 20.коло на регионалната АБА лига.

На натпреварот одигран синоќа во СЦ „Јане Сандански“ аеродромци по три четвртини имаа предност од еден поен, но во последниот период постигнаа само шест поени од кои четири од слободни фрлања, а противникот даде 15.

Сеад Шеховиќ со 19 реализирани поени беше најефикасен играч во домашниот состав. Покрај него, со двоцифрен број на поени беше уште и Урош Лучиќ - 10 поени и 7 скока. Предраг Самарџиски мечот го заврши со 8 поени на кои додаде и 8 скока.

Александар Павловиќ со 13 поени го предводеше тимот на Партизан до триумфот. Михајло Андриќ постигна 11, додека Милан Мачван 10 поени.

За МЗТ Скопје ова беше 14.пораз наспроти шесте победи и се наоѓа во долниот дел на табелата. 

 

 

Оцени ја веста

01.02.2015 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега