Инцидент во Аеродром: Повредени навивачи и полицаец

Инцидент пред салата „Јане Сандански“ во Аеродром пред почетокот на натпреварот меѓу МЗТ СКопје и Партизан.

Како што јавува спортскиот портал Спортмедиа  дошло до блиска средба помеѓу навивачите на двата тима, но и на фановите со полицијата. Последните вести велат дека имало и неколкумина повредени од редовите на навивачите на МЗТ Скопје и тоа од топовските удари кои експлодирале пред салата.

Како што дознава Курир, повредените меѓу кои и еден припадник на Министерството за внатрешни работи биле пренесени во Ургентниот центар, но засега нема информации за карактерот на повредите.

Од СВР скопје за Курир го потврдуваат инцидентот и велат дека има приведени навивачи од двете навивачки групи. 

 

 

Оцени ја веста

01.02.2015 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега