Новак Ѓоковиќ победник на Австралија Опен

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ (Србија) е победник на Отвореното првенство на Австралија, откако денеска во финалето во Мелбурн го совлада Енди Мареј (Велика Британија) со 3-1, по сетови 7-6, 6-7, 6-3 и 6-0.

Во меч кој траеше два часа и 40 минути, по неизвесните првите два сета кои беа решени во тај-брејк, Ѓоковиќ ја презема иницијативата во третиот сет, а во четвртиот беше надмоќен не дозволувајќи противникот да не освои ниту еден гем.

За српскиот тенисер ова беше петти трофеј од Австралија и вкупно осми од големите турнири, има уште два од Вимблдон и еден од УС Опен.

Во финалињата на Мелбурн, Ѓоковиќ по трет пат го победува Мареј, претходно поуспешен беше во 2011 и 2013 година.

Британецот кој го запиша 16.пораз во кариерата од Ѓоковиќ, и покрај четирите финалиња, останува без трофеј од Мелбурн.

 

 

Оцени ја веста

01.02.2015 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега