Луис Фиго во трката за претседател на ФИФА

Изборната комисија на Светската фудбалска федерација (ФИФА) денеска соопшти дека во трка за челната позиција на ФИФА ќе учествуваат четворица кандидати.

Во ФИФА кандидатури поднеле, актуелниот претседател на оваа организација Сеп Блатер, јорданскиот принц Али Бин Ал Хусеин, поранешниот португалски репрезентативец Луис Фиго и првиот човек на Холандската фудбалска федерација Михаел Ван Праг.

Французинот Жером Шампањ испадна од трката поради тоа што не ја доби потребната поддршка од најмалку пет фудбалски федерации.

Изборот за претседател на ФИФА ќе се одржи на 29 мај во Цирих.

 

 

Оцени ја веста

02.02.2015 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега