Кам - бек на Коби во НБА

Генералниот менаџер на Лос Анџелес „Лејкерси“, Мич Купчак, предвиде дека Коби Брајант, по повредата на рамото, ќе се врати на теренот веќе следната сезона.

На Коби во средата му беше извршена операција на рамето, а опоравањето од таквите повреди се проценува на девет месеци, што би значело дека ќе биде подготвен за почетокот на следната сезона.

„Навистина мислам дека Коби нема да се повлече. Рече дека се радува на почетокот на подготовките  така што ние го очекуваме“, рече Купчак.

Коби има уште година дена од договорот со „Лејкерси“,оваа сеозна заработи 23.5 милиони долари, а следната го очекува договор вреден 25 милиони.

Американскиот кошаркар летово ќе наполни 37 години, а 3 сезони имаше проблеми со повредите, поради што пропушти голем број натпревари во  претходните три години.

 

 

Оцени ја веста

02.02.2015 - 20:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега