Фудбалер му скрши вилица на својот соиграч

Фудбалерот на Утрехт Аноуар Кали му ја скрши вилицата на својот соиграч Кристофер Петерсон во тепачка во текот на тренингот.

Искусниот Кали за кого наводно биле заинтересирани Манчестер Јунајтед и Вест Хем во текот на тренингот вербално го нападнал шведскиот фудбалер, потоа замавна кон него и му ја скрши вилицата.

Според написите на холандските медиуми, Кали му се извинил на соиграчот кој од теренот ќе мора да отсуствува шест седмици.

Поранешниот фудбалер на Ливерпул го прифати извинувањето, а Кали исто така е казнен од страна на клубот.

Инцидентот за време на тренингот само го означува турбулентниот период за Утрехт кој моментно е на 11-то место во првенството.

Ова бидејќи крадец во понеделникот упадна во просториите на клубот и однесе 70 илјади евра. Три личности се уапсени за вмешаност во грабежот.

 

 

Оцени ја веста

02.02.2015 - 21:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега