ФОТО: Мурињо продаде цел тим

Пред година и пол Жозе Мурињо се врати во Челзи, па како по обичај полека, но сигурно се ослободуваше од „вишокот“ играчи.

Од самото доаѓање  во Лондон, Португалецот знаеше кои играчи не му се потребни. Сепак, тој не реагираше брзо, туку полека, но сигурно, а парите од продадените играчи паметно ги искористи за да донесе засилувања без да ја чепне касата на Роман Абрамович.

Мурињо се ослободи од голманот Шварцер, стоперите Луиз и Брума, потоа бековите Кол и Бертранд, дефанзивните играчи за врска Есиен и Лампард, потоа „офанзивците“ Шурле, Мата, Де Брујн и напаѓачот Лукаку.

Сигурно овој тим во ваков состав во моментов би бил на средината на табелата, ако не и повисоко во Премиер лигата, но Жозе Мурињо никогаш не би ги тренирал.

 

 

Оцени ја веста

03.02.2015 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега