Манасков си заминува од Металург

Македонското репрезентативно крило Дејан Манасков заминува од Металург, пишува порталот „Екипа“.

По Наумче Мојсоски, Ванчо Димовски и браќата Велко и Никола Маркоски и Дејан Манасков ќе се раздели од Металург. Спортскиот портал „Екипа“ пишува дека тој јасно му ставил на знаење на тимот од Автокоманда дека се изморил од сите финансиски проблеми во тимот и долговите кои му ги должат.

Дека Манасков ќе се раздели со македонскиот шампион покажува и податокот дека не беше во составот за мечот со Нексе, одигран викендов, а го нема ниту во тимот кој патува на гостувањето во Прешов. Во рамките од СЕХА лигата, Металург утре игра против Татран Прешов, а репрезентативното крило не е помеѓу ракометарите кои ќе го одиграат овој натпревар.

Според информациите кои ги објави тимот од Автокоманда на својата интернет страница, ова е составот за пресметката со Татран Прешов: Митревски,  Мисовски, Миркуловски, Георгиевски, Пешевски, Ојлески,  Јоновски, Кукоски, Талески, Нелоски, Маџовски,  М.Манасков, Бој.Маџовски,  Костески и Вугринец.

 

 

Оцени ја веста

03.02.2015 - 14:52
Фото: 
вести.мк

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега