Билетите за мечот против Белорусија од 100 до 400 денари, основците бесплатно

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (УО на ФФМ) беа утврдени цените за влезниците на претстојниот натпревар на македонската репрезентација против Белорусија во квалификациите за Европското првенство кое во 2016 година ќе се одржи во Франција.
 
Билетите ќе се продаваат по цена од 100 до 400 денари, додека ФФМ реши да им овозможи бесплатен влез на Источната трибина на ученици од прво до деветто одделение, и на деца без родители и од социјално ранливи категории.
 
Дуелот меѓу Македонија и Белорусија ќе се игра на арената „Филип Втори Македонски’’ на 27 март.
 
УО на ФФМ донесе одлука редовното Годишно Собрание на федерација да се одржи на 15 март 2015 година во Скопје. Воедно УО на ФФМ го усвои и предлог дневниот ред и предлог деловникот за работа на  претстојното собрание.
 
Управниот одбор на ФФМ го усвои пречистениот текст на правилникот за регистрација, статус и трансфери на фудбалери. 
 

 

Оцени ја веста

03.02.2015 - 17:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега