Манчестер Јунајтед во следната рунда од ФА Купот

Екипата на Манчестер Јунајтед успеа да се пласира во 5.коло од ФА Купот откако синоќа во повторениот натпревар од 4.коло го победи на домашен терен нисколигашот Кембриџ со 3:0.

На другите два натпревара одиграни синоќа победија гостинските екипи: Фулам – Сандерленд 1:3 и Шефилд Јунајтед – Престон 1:3.

Вечерва се игра последниот од повторените дуели: Болтон – Ливерпул.

Двојките за петтото коло се: ВБА - Вест Хем,  Блекбурн – Стоук, Дерби – Ридинг, Кристал Палас - Ливерпул/Болтон, Астон Вила – Лестер, Брадфорд – Сандерленд, Арсенал – Мидлсброу, Престон - Манчестер Јунајтед.

Термини за одигрување на натпреварите се од 14 до 16 февруари.

 

 

Оцени ја веста

04.02.2015 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега