Цената на влезниците за Евробаскетот во Загреб од 10 до 33 евра

Од 10 до 33 евра ќе чинат влезниците за загрепската група на Европското кошаркарско првенство кое ќе се одржи во септември годинава.
 
Европската кошаркарска федерација (ФИБА) денеска објави дека се утврдени цените за влезниците на претстојниот Евробаскет кој годинава ќе се одржува во четири земји: Хрватска, Летонија, Германија и Франција.
 
Љубителите на кошарката во Македонија, кои ќе сакаат да ја бодрат македонската репрезентација за влез на натпреварите во Загреб, ќе треба да одвојат од 10 до 33 евра за натпревар. Имено, најевтина влезница за еден натпревар ќе чини 75 куни (10 евра), додека најскапите 250 куни (33 евра). Така за сите пет натпревари на македонската репрезентација, најефтиниот блок билети ќе чини 50, а најскапиот 165 евра. За деца до 6 годишна возраст ќе им биде овозможен слободен влез со присуство на родителот. 
 
Пакет влезниците за сите натпревари од групната фаза ќе бидат пуштени во продажба од 16 февруари до 14 март. Влезниците за поединечни мечеви ќе се продаваат од 15 март до 15 април, додека карти за втората (елиминациска) фаза ќе бидат пуштени во продажба од 1 јули. 
 
Влезниците за натпреварите ќе може да се купат на следниот веб сајт www.eventim.hr.
 
Македонија по петти пат ќе биде дел од европската кошаркарска елита (четврти во низа), а ќе настапува во групата Ц во Загреб и тоа против: Грција, Холандија, Хрватска, Грузија и Словенија, редоследно. 
 
Шампионатот ќе започне на 5-ти и ќе трае до 20-ти септември, со забелешка, дека по комплетирањето на натпреварите во групната фаза, осминафиналистите од четирите града (земји) организатори, ќе се преселат во Лил, Франција, каде ќе се игра завршницата.
 

 

Оцени ја веста

04.02.2015 - 18:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега