ВИДЕО: Пандев стрелаше за Галатасарај

По пауза од месец и половина Горан Пандев постигна гол во дресот на Галатасарај и овој пат во Купот на Турција.

 

Македонскиот интернационалец беше стартер на мечот против Балчова во Купот на Турција кој Галатасарај го доби со 3:1 на домашен терен.

 

 

Пандев со глава погоди во 74-тата минута по еден центаршут од десната страна поставувајќи го конечниот резултат од 3:1, а една минута подоцна беше изваден од игра. Ова е петти гол на Пандев во Купот на Турција и заедно со Озкан и Вебо го делат првото место на листата на стрелците.

 

 

Оцени ја веста

05.02.2015 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега