ФК Вардар: Изградба на Академија за дечиња не значи раскрчмување на државниот капитал

Фудбалскиот клуб Вардар излезе со демант отфрлувајќи ги обвинувањата кои денеска стигнаа на негова адреса од градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски. Обвинувањата се поврзани со парцелата каде што се наоѓа помошното игралиште на ФК Вардар, до Национаната арена „Филип Втори“.

- По повод денешната прес-конференција одржана од страна на градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, би сакале да ги демантираме небулозните изјави дадени од страна на градоначалникот, од кои останавме запрепастени. Имено, бевме обвинети дека на парцелата каде се наоѓа помошното игралиште на ФК Вардар до Националната арена „Филип Втори“, државата го раскрчмува државниот капитал. Би сакале да го запрашаме градоначалникот дали изградба на Академија за дечиња до 12 год, прва од ваков тип на овие простори значи раскрчмување на државниот капитал, се вели во соопштението на Вардар.

Од ФК Вардар посочуваат дека Академијата ќе има три фудбалски игралишта, соблекувални по највисоки стандарди, кафетерија каде родителите за прв пат ќе имаат можност да ги следат своите дечиња како работат во услови кои доликуваат на европски клуб, музејска поставка на трите клубови кои ги менаџираат, предавални, канцеларии за тренерите во младинските категории, 

Од таборот на најтрофејниот македонски фудбалски клуб порачуваат дека нема да дозволат, како што велат, поради личен интерес на индивидуи да се нарушува угледот на фирмите кои се дел од групацијата на спортските клубови Вардар.

- Ние ќе продолжиме со активно подобрување на инфраструктурата на трите клубови како предуслов за постигнување на врвни спортски резултати. За политика и последиците од вакви изјави на градоначалникот ќе оставиме граѓаните да пресудат, истакнуваат од ФК Вардар.

 

 

Оцени ја веста

05.02.2015 - 18:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега