НАЈЛОШОТО ПОМИНА: Мечевска е во стабилна состојба!

Пред половина час  завршила операцијата на македонската репрезентативка Робертина Мечевска која со тешки повреди беше примена во Ургентниот центар, откако паднала од петтиот спрат во зградата каде што живее во населбата Острово. На ракометарката и била извадена слезината која била повредена, а имала и скршеници по телото, објави порталот НОВА. 

Лекарски извори за НОВА потврдиле дека операцијата поминала добро и дека Мечевска во моментот е во стабилна здравствена состојба. 

„ Операцијата заврши, незината состојба е стабилна. Млада е и се надеваме дека се ќе се заврши добро. По ова пациентката ќе биде однесена на одделот за интензивно лекување“, потврдија за НОВА од хируршките клиники.

 

 

Оцени ја веста

10.02.2015 - 23:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега