Корвер ќе го замени повредениот Вејд на „Ол стар“ натпреварот

Играчот на Атланта Кајл Корвер ќе биде замената за Двејн Вејд на „Ол стар“ натпреварот што ќе се игра викендов во Њујорк.

Вејд поради повреда ќе го пропушти натпреварот, а комесарот на НБА лигата Адам Силвер донесе одлука тоа да биде соиграчот на нашиот Перо Антиќ, Корвер.

Тоа воедно е четвртиот играч од стартната петорка на Атланта, кој ќе биде дел од составот на Исток.

Покрај него веќе се знае дека во составот се Пол Милсап, Ал Хорфорд и Џеф Тиг, а на клупата ќе биде и нивниот тренер Мајк Буденхолцер. 

Корвер ќе биде четвртиот највозрасен играч што ќе дебитира на „Ол стар“ натпреварот. Тој следниот месец ќе наполни 34 години, а повозрасни од него на „дебито“ биле Нет Клифтон, Сем Кесел и Ентони Мејсон сите со наполнети 34 години.

Неизвесен е и настапот на кармело Ентони ѕвездата на Њујорк Никс кој  има проблем со повредата на коленото.

 

 

Оцени ја веста

11.02.2015 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега